Петар Печков
Објавено: вторник, 21 мај 2013
По неделниот пораз во локалното дерби, велешани покажаа зошто тактизирале во Превалец. Таму загубија со 3:2 играа со втора постава. Тренерот Димитровски најави дека ги одмара најдобрите за куп средбата со Тиквеш.
Така и бидна поразот бргу се заборави и во надмоќна игра, комплетен состав Борец како трето лигаш го растури второлигашот Тиквеш со високи 7:3, полувреме 2:0.
Така велешани одат во наредната фаза од купот во регионот а веќе в четврток на Градски тест со штипска Брегалница, прволигаш. Средбата е контролна во пресрет на баражот за пополнување на Втора лига, оти веќе се знае дека Борец е првак на Третата лига југ.
Tweet |